Дефектот со воздушните перничиња „Форд“ ќе го чини 500 милиони долари

Од:

Компанијата „Форд“ во петокот соопшти дека од северноамериканскиот пазар ќе повлече 850.000 автомобили заради проблеми во системот за воздушни перничиња.

Се проценува дека самото отстранување на дефектот на повлечените возила американската компанија ќе ја чини околу половина милијарда долари.

Последното во низата масовни повлекувања што во 2014 година ги погодија големите автомобилски компании се однесува на моделите на „Форд“ за американскиот пазар- „Ескејп“, „Фужн“, С-МАКС“, како и на „Линлолн МКЗ“.

Возилата ќе бидат повлечени на вонредни сервиси, бидејќи е откриено дека заради можна кратка врска во контролната единица може при судар да не се активираат воздушните перничиња и претстегачите на сигурносните појаси.

Првите финансиски последици од повлекувањето на моделите на „Форд“ можеа да се почуствуваат веќе во петокот, со благиот пад на вредноста на акциите на берзите. Сепак, сопствениците на компанијата уште повеќе се загрижени од висината на трошоците за замена на спорниот дел на автомобилите.

Според претседателот на „Форд“ за американскиот пазар Јосеф Хинритс, оваа компанија за поправки на повлечените автомобили ќе мора да издвои околу 500 милиони долари. Посредна штета е уште поголема, со оглед на фактот дека станува збор за нови модели што се важни за вкупната продажба на „Форд“.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ