Дебарските каратисти продолжуваат со успешниот поход по медали

Од:

Дебарските каратисти со голем успех се вратија и од Меѓународниот карате натпревар што се одржа во Охрид. Од „Охрид Опен 2019“ кој по вторпат се одржува со тенденција да стане традиционален, а на кој учествуваа околу 700 деца и млади до 18 години од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија деветте членови на карате клубот „Уранику“ освоија 12 медали.

– Презадоволен сум од настапот на каратистите, сите кадети и помлади кадети,како од нивната подготвеност така и од постигнатиот успех. Како не би бил кога учествуваме со девет каратисти а освоивме 12 медали,што значи дека тројца од нив се натпреваруваа во две категории. Од вкупно освоените четири се златни, три сребрени и пет бронзени медали, вели тренерот Пачуку.

Во категоријата до 45 килограми Сара Дука се закити со златен, додека во категоријата до 50 килограми со сребрен медал, Вениса Думани во категорјата до 50 кг осви злато додека до 45 кг бронза, Бесник Папранику до 63 кг, злато, Ера Коџа во категоријата до и над 55 кг освои сребрени медали, со злато се закити и Азиз Рамадани во категорјата до 38 кг, додека бронзени медали освоија Ерјон Коџа до 63 кг, Рион Пашоли до 46 кг, Гента Сеља над 55кг и Елдар Љазри до 57 килограм.

Според тренерот Пачуку, пред четворицата каратисти Сара Дука, Вениса Думани, Азиз Рамадани и Рион Пашоли,претстои Балканското првенство,што ќе се одржи во Бања Лука, Босна и Херцеговина,од 30 мај до трети јуни. Правото да учествуваат на првенството го остварија со освоените медали на Државното карате првенство во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје