Де Геа се повреди и може да го пропушти дуелот со Ливерпул

Од:

Голманот на Шпанија, Давид Де Хеа, го повреди мускулот на левата нога во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 одигран синоќа во Стокхолм со Шведска (1:1).

Чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед се повреди при судирот со напаѓачот на Краснодар, Маркус Берг и беше заменет во 60-тата минута со Кепа Аризабалага.

Според „А Бола“, Шпанецот може да го пропушти следниот натпревар од шампионатот на Англија со Ливерпул, што ќе се одржи на 20 октомври.

Селекторот на Шпанија, Роберт Морено соопшти дека голманот нема посериозна повреда.

Де Геа направи неколку фантастични одбрани. За време на паузата, тој одлучи дека може да продолжи, но мораше предвреме да го заврши мечот, бидејќи има мало истегнување на мускул.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП

Ана Ололовска

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за ЕП

Ана Ололовска

Де Бур го финализира составот за Евро 2020

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Ана Ололовска

Верати најверојатно ќе го пропушти Европското првенство

Жарко Настоски

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство

Жарко Настоски