ЛА Лејкерси направија неочекуван потег назначувајќи го Мајк Д’Антони за свој нов тренер, иако на широко се шпекулираше со кам-бекот на славниот Фил Џексон на кормилото на НБА гигантот од Лос Анџелес.
Одлуката доаѓа само ден по средбата на челниците на клубот со Џексон за неговото враќање во Лејкерси.
Според најавите, Д’Антони, кој е поранешен тренер на Феникс Санс и Њујорк Никс, и Лејкерси ќе потпишат четиригодишен договор, а официјализирање на деталите треба да се случи денеска.