Данска поразена од Унгарија на СП за ракометарки

Од:

Во дерби натпреварот од 4.коло на женскиот ракометен Мундијал во Данска, синоќа домашната репрезентација загуби од Унгарија со 29:22.

На останатите два натпревара од А групата, Црна Гора со 37:26 го победи Тунис, додека Србија ја остварија првата победа на ова првенство совладувајќи ја Јапонија со 27:22.

Најубедливата победа вчера ја оствари Холандија која во меч од Б групата ја совлада Куба со 45:23, Шведска со 47:28 ја совлада Кина, а Полска беше поуспешна од Ангола 29:27.

На едно коло до крајот на групната фаза, Црна Гора, Данска и Унгарија од А групата веќе обезбедија пласман во следната фаза, а од групата Б, тоа го сторија Холандија, Шведска и Полска.

Денеска на Мундијалот ќе се играат натпреварите од 4.коло во групите Ц и Д, а двојките се:

Ц група: Аргентина – Бразил, Франција – Конго и Германија – Кореја.
Табела: Бразил 5 бодови, Франција 5, Јужна Кореја 4,  Германија 2, Аргентина 2 и Конго 0.

Д група: Казахстан – Русија, Шпанија – Порторико и Романија – Норвешка.
Табела: Русија 6 бодови, Норвешка 4, Романија 4, Шпанија 4, Казахстан 0 и Порторико 0…

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска