Репрезентациите на Данска и на Германија изборија пласман во полуфиналето на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Чешка.
Овие две селекции ги освоија првите две места во групата-А по синоќешните дуели од 3.коло.
Данска ја победи Србија со 2:0 и го освои првото место, додека Германија одигра нерешено со домаќинот Чешка 1:1 што беше доволно за втората позиција.
Чешка е трета и ќе игра во баражот (дуел за 5.место) за Олимписките игри во Рио, додека Србија е последна во групата.
Табела: Данска 6 бодови, Германија 5, Чешка 4, Србија 1.
Вечерва се играат дуелите од 3.коло од Б групата:
Англија – Италија и
Португалија – Шведска.
На чело на табелата е Португалија со 4 бодови, пред Англија и Шведска со по 3, а Италија има 1 бод.