Репрезентациите на Данска и на Франција со победите на гостински терен обезбедија пласман на Европското првенство во Хрватска што ќе се одржи во јануари 2018 година.
Данска ја победи Холандија, а светскиот првак Франција минимално славеше над Литванија.
Резултати на натпреварите од 5.коло:
Холандија – Данска 24:36 (група 1),
Србија – Полска 34:34 (група 2),
Босна и Херцеговина – Шпанија 19:25 и Финска – Австрија 36:39 (група 3),
Чешка – Исланд 27:24 (група 4),
Португалија – Германија 26:29 и Швајцарија – Словенија 20:33 (група 5),
Црна Гора – Шведска 28:24 и Словачка – Русија 24:25 (група 6), Литванија – Франција 25:26 и Белгија – Норвешка 27:43 (група 7).
Денеска играат:
Украина – Македонија (група 4),
Летонија – Унгарија (група 1) и
Романија – Белорусија (група 2).
Табела група 1: Данска 9 бодови, Унгарија 5, Холандија 4, Летонија 0.
Табела група 2: Србија 7, Белорусија 5, Романија 4, Полска 2.
Табела група 3: Шпанија 10, Босна и Херцеговина 4, Австрија 4, Финска 2.
Табела група 4: Чешка 6, Македонија 4, Исланд 4, Украина 4.
Табела група 5: Германија 10, Словенија 5, Португалија 5, Швајцарија 0.
Табела група 6: Шведска 8, Црна Гора 6, Русија 4, Словачка 2.
Табела група 7: Франција 8, Норвешка 6, Литванија 6, Белгија 0.
Пласман на Европското првенство досега имаат изборено: Германија, Шпанија, Шведска, Франција и Данска (преку квалификации) и Хрватска како домаќин.