Даниел Албрехт го повреди левото колено, при пад за време на тренингот за спуст од Светскиот куп во во канадскиот зимски центар Лејк Луис.
Несреќниот 29-годишен скијач со хеликоптер е префрлен во болница, а засега не е позната сериозноста на неговите повреди и неговата здравствена состојба.
Во Лејк Луис утре се вози првата спуст трка сезонава од Светскиот куп, а во недела се вози супервелеслалом.