Дамњановиќ: Основната цел ни е фајнл-фор

Од:

Новата ракометарка на Вардар, Сања Дамњановиќ го одработи првиот ден во својот нов клуб, а за амбициите на „црвено-црните“ во сезоната што претстои вели дека се, најмалку пласман на Ф4, а потоа и чекор понатаму.

– Сите ние сонуваме за тој пехар, и да одиме чекор по чекор, да видиме каде грешевме. Можеби се посакуваше тој успех и малку прерано, зашто не може за една година да се направи толку голем успех, и да се направи тим. Ќе гледаме ние да ги споиме сите алки, и основната цел ни е Ф4. Прво треба да стигнеме до таму, а потоа ќе видиме, изјави Дамњановиќ за клупскиот веб сајт на ЖРК Вардар.

Таа е задоволна од условите за работа и атмосферата во тимот.

– Не е шега кога велат дека условите се врвни. Ова ми е прв ден, и верувам брзо ќе се адаптирам. Подготвена сум на секој предизвик. Имам 28 години, и мислам дека е тоа период кога можеш да пружиш најмногу, и доволно млад и доволно искусен да дадеш максимум и постигнеш резултат. Велат дека тоа се години кога се игра најдобар ракомет, и верувам дека е така, дополни бекот на Вардар.

Трансферот на српската ракометарка во ЖРК Вардар од страна на ЕХФ беше сместен во ТОП 5 трансфери што се случија летово во женските клубови учесници во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска