Дали може со мотор да се вози 606 километри на час?

Од:

Британскиот производител на мотори Триумф ќе се обиде да постави нов брзински светски рекорд. Зад воланот на моделот Инфор Рокет Стримлајнер ќе се наоѓа Гај Мартин, кој љубителите на мотори го знаат по учеството на легендарната трка на островот Ман.

За да го надмине актуелниот светски рекорд (605.697 километри на час), кој од 2010 година го држи Роки Робинсон, развиен е специјален мотор долг 7,80 метри, широк 0,61 метар и висок 0,91 метар, кој го доби името Инфор Рокет Стримлајнер. Конструкцијата делумно е направена од кевлар, а за погон се употребени два турбо мотори Триумф Рокет III, чија вкупна комбинирана сила достигнува 1.000 коњски сили, при 9.000 обртаи во минута. Триумф во својата историја повеќе пати надминувал брзински рекорди, во период меѓу 1955 до 1970 година, а последниот рекорд кој го држел изнесува 395.28 километри на час. Гај Мартин ќе се обиде да стане најбрз возач на мотори во светот во текот на август, на т.н. големо солено езеро во Јута во САД.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ