„Дачија“ го подготвува моделот „Daster double cab“

Од:

Откако во октомври минатата година „Дачија“ го претстави моделот „Дастер Пик-ап“, на романските патишта деновиве е фотографирана и „дабл каб“ веризијата на ова возило.

По презентацијата на првиот пик-ап модел една од забелешките на љубителите на автомобилот беше недостокот на повеќе простор во кабината и вториот ред седишта.

Судејќи според фотографијата што е објавена на Фејсбујк, „Дачија“ може на купувачите да им понуди и верзија со четири врати.

Се уште не се знае дали е во прашање возило од погонот на романскиот производител или „дабл каб“ излегол од работилницата на локалната компанија „Ромтурингиа“ која е специјализирана за модификување на моделите на марката „Дачија“ во автомобили за посебни намени и која е заслужна за претходниот „Дастер пик-ап“.

За разлика од првобитниот модел, што е конструиран како робусно и евтино работно возило за теренски потреби на нафтената компанија „ОМВ Петром“, пик-ап-от од фотографијата делува поскапо и полуксузно, за што сведочат и специјалните алу фелни и покривните носачи.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ