Актуелната верзија на „Дачиа Дастер“ што се произведува од 2009 година, следната 2017 година ќе добие наследник, а до крајот на оваа година се очекува редизајнот на моделите „Сандеро“ и „Логан“, пренесува сајтот Carscoops.
Минаа речиси седум година од лансирањето на првата генерација на СУВ моделот „Дастер“, а романскиот производител во 2013 година изврши само блага рестилизација.
Романските медиуми наведуваат дека новиот модел е планиран за 2017 година, повикувајќи се на изјава на шефот за дизајн на групацијата „Рено“, Лауренс ван ден Акер.
Сепак, пред тоа ќе бидат редизајнирани двата најважни модели во гамата.
-На саемот на автомобили во Париз, во септември, ќе ги претставиме рестилизираните „Логан“ и „Сандеро“, изјави Ван ден Акер.
Тој додава дека следниот голем чекор на компанијата ќе биде лансирањето на новиот „Дастер“ и дека од така мал производител на автомобили, каков што е „Дачиа“, сепак не е реално да се очекува секоја година да претставува по еден нов модел.