Италијанецот Марио Балотели може да заигра во Русија од летото.
Напаѓачот е посакуван од ЦСКА Москва, објавија локалните медиуми, а договорот зависи само од неговата желба, бидејќи тој е слободен агент.
Интерес за Балотели исто така доаѓа од италијанските Рома и Наполи, Лион и Олимпик Марсеј, Галатасарај и Борусија Дортмунд.
Супер Марио моментално го носи дресот на Ница.