Црвена Звезда остана непоразена во Загреб

Од:

Лидерот во АБА лигата Црвена Звезда синоќа успеа да слави минимална победа на гостувањето кај Цедевита со 88:87. Со овој триумф тимот од Белград и натаму е без пораз по деветте одиграни кола.

Натпреварот на „евролигашите“ во ова натпреварување го реши Јака Блажич, кој во последните секунди ги реализираше двете слободни фрлања, постигна вкупно 20 поени и беше најдобар играч на дуелот.

За Цедевита ова беше трет пораз сезонава во АБА лигата и остана на третото место, додека Црвена Звезда е прва со скор 9-0 (победи – порази), додека на второто место се наоѓа Будуќност со биланс 8-1.

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром е на делба на 10 – 11.место со шампионот на ова натпреварување Цибона. Двата тима имаат скор 3-6.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос