Црвена Звезда и Левски на стартот на новата сезона од АБА лигата

Од:

Со натпреварот меѓу Црвена Звезда и Левски вечерва ќе стартува 14-та сезона на АБА лигата (Јадранска лига). Натпреварот се игра во салата Пионир во Белград, а почетокот е во 19 часот. Покрај овој дуел вечерва играат и Цибона – Олимпија.

Трета сезона дел од ова натпреварување ќе биде и македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром. Во првото коло македонскиот претставник ќе гостува во Сремска Митровица кај екипата на Мега Визура, која оваа сезона своите натпревари на домашен терен ќе ги игра во овој град. Натпреварот Мега Визура – МЗТ Скопје Аеродром се игра утре со почеток во 19 часот.

На другите натпревари двојките се: Крка – Цедевита, Задар – Игокеа и Будуќност – Металац.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос