Clio RS со звук на Nisan GTR

Од:

На сопствениците на новата верзија на моделот „Клио РС“, кои не се задоволни од звукот на 1.6- литарската турбо единица, компанијата „Рено“ им понуди апликација што симулира звуци на некои други спортски автомобили, меѓу кои е и „Нисан ГТ-Р“.

Новиот „Рено Клио РС“, што својата премиера ја имаше на Саемот на автомобили во Париз во 2012 година, во дополнителниот Лукс пакет опрема ја има втората генерација „Рено Спорт Монитор систем“. Овој уред на екранот на мултимедијалниот систем прикажува телеметриски податоци за автомобилот во реално време, така што покрај останатото можете да прочитате колкав е моменталниот обртен момент, Г-силата или ако автомобилот се вози на тркачка патека, времињата на круговите и оделните делници.

Еден од новите додатоци на овој систем е апликацијата со чија помош може да се избере од звучниците да допира „музика“ што ја создава моторот на некој друг спортски автомобил.

Иако не е јасно зошто некој кој купил „Клио РС“ со 1.6-литарски турбо-мотор од 200 КС би посакал во токот на возењето да слуша звук на друг автомобил, на возачот на располагање му се неколку модели, од претходните верзии на „Реноа Клио РС“, преку „Алпина А110“, моделот „Рено Р8 Гордини“, па се до веќе споменатиот „Нисан ГТ-Р“.с

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска