Францускиот произвдоител на автомобили Цитроен објави официјални фотографии од концептот ДС „Вајл Рубис“.
Новиот луксузен, урбан кросовер од серијата ДС, Вајлд Рубис својата премиера ќе ја има на Саемот на автомобили во Шангај од 21 до 29 април.
Дизјанот на ДС Вајлд Рубис, претставува стилско продолжување на концептот „Нумеро 9“, особено во предниот дел на двете возила.
Свтелата и маската на ладилникот имаат сличен облик кај двете возила, додека наместо карактеристичното лого на Цитроен на средната маска на Вајлд Рубис се наоѓа ДС логото. Задните стоп светла, исто така, се со хромирана рамка, како и големите отвори за издувните цевки во долниот дел на браникот.
Цитроен наскоро се очекува да ги објави и техничките детали и спецификации за концептот.