Циндриќ втор месец по ред во Ол Стар тимот на СЕХА лигата

Од:

Средниот бек на Вардар, Лука Циндриќ се најде во изборот на најдобрата седморка за месец октомври во СЕХА Газпром лигата.

Слично како и минатиот месец, повторно на позицијата среден бек е Лука Циндриќ. Тој и Роланд Миклер од Веспрем се единствените што два месеци по ред се меѓу најдобрите играчи на лигата.

Вардар минатиот месец одигра само три натпревари, на сите постигна победи и се зацврсти на лидерското место со 28 бода, од 10 натпревари.

Ол стар тим на СЕХА Газпром лигата за октомври:

голман – Роланд Миклер (Веспрем),
лево крило – Нико Медвед (Горење),
десно крило – Ведран Зрниќ (Нексе),
пивотмен – Тин Контрец (ППД Загреб),
лев бек – Павел Атман (Мешков),
среден бек – Лука Циндриќ (Вардар),
десен бек – Давид Миклавчиќ (ППД Загреб);
тренер: Зденко Корди (Нексе).

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он