Данскиот тенисер Холгер Руне ја забележа првата победа на завршниот Мастерс во Торино, откако Стефанос Циципас му го предаде мечот по само три гема.
Во моментов не е познато за каква повреда се работи поради која Циципас му го предаде мечот на Данецот при резултат 2:1 за Руне.
Гркот дури имаше две брејк топки во првиот гем.
По оваа игра, Данецот ги доби двата преостанати гејма, по што Циципас побара помош од физиотерапевт и потоа го предаде мечот.
На местото на Циципас, и противник на Новак Ѓоковиќ во третото коло ќе му биде Хуберт Хуркач од Полска, кој е прва замена на овој завршен Мастерс.
Руне сега има по една победа и пораз, додека вториот меч од оваа група ќе го одиграат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.