Циципас првиот Грк по 83 години што се пласирал во осминафинале на „Ролан Гарос“

Од:

Стефанос Циципас стана првиот Грк по 83 години, кој се пласираше во осминафиналето на „Ролан Гарос“, откако триумфираше со 7: 5, 6: 3, 6: 7 (5), 7: 6 (6) против Филип Краиновиќ.

Грчкиот тенисер, шести во шемата, вчера ги доби првите два сета, но потоа натпреварот беше прекинат при 5:5 во третиот поради мрак на теренот. Денес, меѓутоа неговиот српски ривал покажа дека не се откажал од борбата за пласман во следната рунда.

Краќновиќ врати еден сет и стигна до тајбрејк во четвртиот дел. Таму сепак дојде до меч топка за Циципас и Гркот ја искористи шансата.

Сега 20-годишниот Стефанос го очекува победникот од натпреварот помеѓу Григор Димитров и Стен Вавринка, за да го дознае името на противникот за пласман во четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ