Се уште актуелниот европски шампион ЧСМ Букурешт го освои третото место на завршниот турнир во Будимшета, откако попладнево во „утешниот дуел“ го победи Будуќност со 26:20.
ЧСМ Букурешт во поголемиот дел од натпреварот беше во водство, на моменти изразено со пет голови разлика, а на полувреме се отиде со еден гол предност (13:12) за романскиот тим. Ракометарките на црногорскиот шампион само два пати беа во позитива (2:1 и 3:2) и имаа резултатски приклучок се до 15:14, а потоа Букурешт повторно се одлепи и направи недостижна предност.
Изабел Гулден го предводеше ЧСМ Букурешт со девет гола. Во поразениот тим најефикасна беше Катарина Булатовиќ со пет погодоци.
Од 17:45 часот се игра големото финале во кое за шампионската титула ќе се борат Вардар и Ѓер.