Со голови постигнати во последните десет минути, фудбалерите на Чиле синоќа славеа победа со 2:0 над Камерун во 1. коло од групата – Б на Купот на Конфедерации што се одржува во Русија.
Стрелци на погодоците беа Артуро Видал во 81. минута и Едуардо во првата минута од судиското надополнување.
Првото коло во оваа група ќе се комплетира денеска со дуелот меѓу Австралија и Германија. Почетокот е во 17 часот, а натпреварот ќе се игра во Сочи.