Чикаго поведе со 2-0 против Бостон

Од:

Кошаркарите на Чикаго поведоа со 2-0 во победи во првото коло од плеј офот против Бостон откако ноќеска во вториот натпревар на гости ја постигнаа втората победа. „Биковите“ победија со 111:97, а комплетната стартна петорка имаше двоцифрен број поени. Џими Батлер и Двејн Вејд реализираа по 22 поена.

Следните два натпревара се играат на теренот на Чикаго, кој ќе има голема предност да стигне до четири победи и пласман во следната рунда.

На вториот дуел одигран ноќеска на „Исток„ Торонто го совлада на домашен терен Милвоки со 106:100, а најпрецизен кај домашниот тим беше ДеМар ДеРозан со 23 поени. Милвоки е домаќин на двата дуела што следуваат.

На „Запад“ се одигра еден дуел и победа од 99:91 пред своите навивачи оствари и ЛА Клиперс во дуелот со Јута, а најмногу поени постигна играчот на „клиперси“ Блејк Грифин – 24.

Следните два натпревара се играат на теренот на Јута.
Резултати:
Исток: Бостон – Чикаго 97:111 (0-2 победи), Торонто – Милвоки 106:100 (1-1);
Запад: ЛА Клиперс – Јута 99:91 (1-1).

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот