Синоќа во НБА лигата се одиграа вкупно девет натпревари, победи забележаа фаворитите Сан Антонио, Филаделфија, Денвер, Бостон, Чикаго, додека Детроит и Вашингтон сеуште немаат победи во лигата.
Иако Никола Пековиќ имаше одлична вечер за Минесота со 18 поени и Андреј Кириленко со 11 поени 12 скока и 7 асистенции, сепак не беше доволно, загубија со 87:80 од располошените „Бикови“.
Нејт Робинсон од клупата постигна 18 поени, Ноа 17 и 7 скока за победа на домаќините.
Сан Антонио со 112:109 запиша победа над Портланд, откако успеа да надомести негатива од 14 поени. Гери Нил го предводеше Сан Антонио со 27 поени, од кои 20 постигна во второто полувреме. Ветераните Тим Данкан со 22 поени, односно Ману Џинобили со 17 поени му асистираа на Нил. Порталнд во поразот го предводеа Николас Батум со 33 и Ламаркуз Олдриџ со 29 поени.
Пол Пирс постигна 25, а Кевин Гарнет 18 во победата на Бостон над Милвоки со 96:92. Монта Елис беше најефикасен играч на Милвоки со 32 поени.
Шарлот по прв пат во својата историја забележа победа над Далас, Кемба Вокер со 26 поени, 6 скока, 7 асистенции и 8 украдени топки и дебитантот Мајкл Кид-Гилкрист со 25 поени беа најзаслужни за победата на Бобкетси.
Резултати:
Торонто-Филаделфија 83:93
Индијана-Вашингтон 89:85
Шарлот-Далас 101:97 (продолжениe)
Чикаго-Минесота 87:80
Хјустон-Детроит 96:82
Милвоки-Бостон 92:96
Јута-Феникс 94:81
Портланд-Сан Антонио 109:112
Голден Стејт-Денвер 101:107 (2 продолженија).