ВИДЕО: Чикаго ја прекина серијата на Мајами

Од:

Кошаркарите на Чикаго ноќеска го совлдаа Мајами со 101:97 и ја прекинаа неговата серија од 27 победи по ред. Ова е втора победа за Чикаго од трите одиграни натпревари оваа сезона со шампионот.

Одличен натпревар кај домашните одиграа Луол Денг со 28 поени, Карлос Бузер постигна 21. Најефикасен на натпреварот и во гостинската екипа беше Леброн Џејмс со 32 поена. Со оваа победа Чикаго го обезбеди плеј офот.

Резултати на ноќешните НБА натпревари: Торонто – Атланта 88:107, Филаделфија – Милвоки 100:92, Шарлот – Орландо 114:108, Кливленд – Бостон 92:93, Њујорк – Мемфис 108:101, Чикаго – Мајами 101:97, Њу Орлеанс – Лос Анџелес Клиперс 91:105, Хјустон – Индијана 91:100, Оклахома Сити – Вашингтон 103:80, Минесота – Лос Анџелес Лејкерс 117:120, Сан Антонио – Денвер 100:99, Јута – Феникс 103:88, Голден Стејт – Сакраменто 98:105 и Портланд – Бруклин 93:111.

Вечерва се играат три натпревари: Милвоки – Лос Анџелес Лејкерс, Далас – Индијана и Феникс – Сакраменто.

Пласман Источна конференција: Мајами 56-15 (победи-порази), Њујорк 44-26, Индијана 45-27, Бруклин 42-29, Чикаго 39-31, Атланта 40-32, Бостон 37-34, Милвоки 34-36,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 54-17, Оклахома Сити 53-19, Лос Анџелес Клиперс 49-23, Денвер 49-24, Мемфис 47-24, Голден Стејт 41-32, Хјустон 39-32, Лос Анџелес Лејкерс 37-35, Јута 36-36, Далас 35-36,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ