Чикаго го совлада Њујорк во натпревар со 4 исклучувања

Од:

Во дербито на вечерта во НБА Лигата Чикаго Булс славеше против Њујорк со 110:106.

Кармело Антони уфрли 29 поени за Никси, но беше исклучен седум минути пред крајот поради втора техничка грешка.

Исклучен беше и домашниот тренер Мајк Вудсон, како и Тајсон Чендлер и Јоаким Ноа поради меѓусебен судир.

Во таква ситуација Никси загубија втор пат на последните три домашни дуели. Прво име во победничкиот состав беше Луол Денг со 29 поени и 13 асистенции.

Крис Пол уфрли 24 поени и додаде 13 асистенции, додека Блејк Грифин му се приклучи со 21 поен и 12 скока, а Клиперси преку нив се радуваа на победа против Сакраменто од 97:85.

Тоа беше 12-та по ред победа за ЛА Клиперс поставувајќи нов клупски рекорд надминувајќи ја генерацијата од сезоната 1974/1975.

Триумфот против Сакраменто им е 20-та сезоната, најрано во клупската историја стигнувајќи до таа бројка во една сезона.

РЕЗУЛТАТИ:

  • Филаделфија – Атланта 99-88
  • Торонто – Орландо 93-90
  • Бостон – Милвоки 94-99
  • Кливленд – Индијана 89-99
  • Детроит – Вашингтон 100-68
  • Њујорк – Чикаго 106-110
  • Мемфис – Далас 92-82
  • Сан Антонио – Њу Орлеанс 99-94
  • Голден Стејт – Шарлот 115-100
  • ЛА Клиперс – Сакраменто 97-85.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ