Chevrolet Camaro Convertible претставен во Франкфурт

Од:

Chevrolet, на саемот во Франкфурт претстави нов, стилизиран Camaro Convertible.

Како и Coupe верзијата, моделот со отворен кров се разликува од претходникот по модифицираните браници, редизајнираната маска за ладилникот и новите фарови и стоп светла.

Chevrolet во моделот за 2014 година ќе вгради и нов MyLink мултимедијален систем со 7 инчен екран чувствителен на допир, Bluetooth, USB и AUX конекции.

2014-chevrolet-camaro-lt_100439930_m

Освежените Camaro Coupe и Convertible во Европа ќе се продаваат со 6,2 литарски V8 мотор кој произведува 432 Кс (318 kW) и 569 Нм максимален обртен момент. На купето за забрзување до 100 км/ч ќе му бидат потребни 5,2, а на кабриолетот – 5,4 секунди.

Chevrolet Camaro за 2014 во европските продажни салони ќе пристигне до крајот на 2013 година, а цената во Германија ќе изнесува од 39.990 евра за купето и од 44.990 евра за кабриолетот.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on