Ракометарките на Металург ја победија Стружанка со 32:18 во последниот натпревар од националниот шампионат и ја обезбедија шампионската титула.
За ЖРК Металург ова беше четврт трофеј и прв по пауза од девет години.
Најтрофеен клуб и натаму е Кометал Ѓорче Петров кој 17 пати завршувал на врвот.
На церемонијата одржана вчеравечер по завршување на натпреварот со Стружанка, пехарот и медалите на ЖРК Металург им ги доделија претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски.