По првите две кола во квалификациите за Европското првенство во ракомет 14 репрезентации постигнаа по две победи. Тоа значи дека двете првопласирани имаат по четири бодови, а двете втори селекции се без бод (меѓу нив и Македонија).
На ваков начин фаворитките за пласман на ЕП се издвоија со што значи дека ќе се води голема борба за третото место во групите дека покрај двете првопласирани селекции и најдобрата трета ќе учествува на шампионатот во Шведска.
Група 1: Литванија – Норвешка 21:38, Белорусија – Романија 23:25.
Табела: Норвешка 4 бодови, Романија 4, Белорусија 0, Литванија 0.
Група 2: Украина – Чешка 20:24, Италија – Србија 19:32.
Табела: Србија 4, Чешка 4, Украина 0, Италија 0.
Група 3: Бугарија – Шпанија 14:39, Австрија – Холандија 25:31.
Табела: Шпанија 4, Холандија 4, Австрија 0, Бугарија 0.
Група 4: Македонија – Хрватска 22:36, Словенија – Црна Гора 20:22.
Табела: Хрватска 4, Црна Гора 4, Словенија 0, Македонија 0.
Група 5: Словачка – Полска 21:23, Финска – Унгарија 25:38.
Табела: Унгарија 4, Полска 4, Словачка 0, Финска 0.
Група 6: Португалија – Данска 21:26, Турција – Русија 30:44.
Табела: Русија 4, Данска 4, Турција 0, Португалија 0.
Група 7: Швајцарија – Франција 19:28, Исланд – Германија 17:22.
Табела: Франција 4, Германија 4, Исланд 0, Швајцарија 0.
Натпреварите од 3.коло се играат во март 2016 година, а Македонија и гостува на Словенија.