Четири втори и шест трети места освоија членовите на македонската репрезентација на Европскиот шампионат во традиционално карате – фудокан за сениори, јуниори кадети и деца, кој од 29 мај до 1 јуни се одржа во Галати, Романија.
Јелена Дробниќ освои сребрен медал во кихон кумите за деца од 10 до 12 години, а Мила Саздова, Ана Крстевска и Берта Милевска сребрени медали во кого – кумите екипно за кадетки.
Бронзен медал во кого – кумите за кадетки и во фукуго за кадетки освои Берта Милевска, а Ана Крстевска бронзен медал во кихон кумите за деца од 12 до 14 години.
Антонија Белазелкоска го освои третото место во кихон кумите за деца од 10 до 12 години, Матеј Јарчевски трето место во кати за деца од 6 до 7 години, а Катарина Дробниќ трето место бронзен медал во кати за деца од 6 до 7 години.
На ЕШ во Галати, Романија учествуваа 28 земји со над 300 натпреварувачи. Судии на овој Европски шампионат беа Венцислав Недев и Дејан Недев.