Ракометните суперлигаши попладнево и вечерва ќе одиграат четири натпревари од 10. коло.
На вчера одиграниот дуел во дербито на колото воедно и дуел на битолските екипи Пелистер во улога на „гостин“ го победи Еурофарм Работник со 21:20. Со овој триумф Пелистер го мина Еурофарм Работник на табелата.
Попладнево од 18 часот се играат дуелите: Вардар Јуниор – Прилеп (СРЦ Кале) и Охрид – Работнички. Од 19 часот почнува дуелот Борец – Радовиш, додека Металург II – Пролет играат од 19:30 часот.
Табела: Охрид 22 бода, Пелистер 22, Еурофарм Работник 19, Прилеп 15, Металург II 14, Радовиш 13, Пролет 13, Борец 8, Вардар Јуниор 4, Работнички 0.