Честитка од претседателот Иванов до ЖРК Вардар

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов му го честита пласманот на Вардар во финалето на Лигата на шампионите за ракометарки.

– Сакам да ви го честитам успехот и да ви посакам и во финалето да се изборите за уште една победа и да го остварите вашиот сон со нашата гордост Вардар.

Цела Македонија е со вас, играјте како и секогаш со срцето. Пренесете ги честитките на девојките од целата екипа и стручниот штаб, се вели во честитката упатена до ракометниот клуб Вардар.

Вардар денес со почеток од 17:45 часот во Будимпешта против Ѓер ќе го игра натпреварот за европскиот трофеј во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ вчера во полуфиналето на убедлив начин го совладаа европскиот првак ЧСМ Букурешт со 38:33.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он