Червар: Публиката е заслужна за нашата победа против Горење

Од:

Ракометарите на Металург со победа над Горење 28-26 го зокружија својот настап на домашен терен. Тренертот на Металург и македонски селектор, Лино Червар смета дека покрај борбеноста која ја прикажаа неговите избраници во второто полувреме, голема заслуга за победата имаат и навивачите на тимот од Автокоманда.

– Горење во поголемиот дел од средбата имаше предност. Знаев дека во второто полувреме без поголемо залагање не ќе можеме да направиме пресврт. Одигравме поконцентрирано и поборбено, па тоа стана решавачко за пресвртот. На крајот, кога успеавме да го свртиме мечот во наша полза, покажавме дисциплина и покажавме дека мечот никогаш не беше готов. Голема заслуга за нашата победа има публиката. Драго ми е што на домашен терен ја завршивме СЕХА лигата со победа. Тоа е сигурно убава работа. Наше е да продолжиме да се бориме и на последните два меча, изјави Червар по натпреварот.

И младиот голман на Металург, Мартин Томовски не го криеше задоволството од победата во последниот меч пред домашната публика.

– Желбата за победа беше поголема кај нас. На почетокот отворивме лошо, но во вториот дел се стабилизиравме. Се играше гол за гол, за крајот ние да се радувавме. Мило ми е што е така, затоа што ова беше последен дуел од СЕХА-лигата на домашен терен за нас во оваа сезона, изјави Томовски.

На металург му преостануваат уште два натпревари во СЕХА конкуренцијата и тоа на гостински терен против Извиѓач на 28 фвруари и Нексе на 7 март.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска