Червар: ПСЖ е огромен фаворит, ние можеме да изненадиме со херојска, борбена игра

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург в недела ќе го одигра првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. Противник е еден од најсилните светски тимови, Пари Сен Жермен за кого тренерот на „Металурзите“ Лино Червар смета дека е изразит фаворит.

– Нема да кажам ништо ново ако речам ПСЖ е огромен фаворит на натпреварот со Металург. Не сум од оние кои зборувам нешто што не е вистина. Парижаните годинава значително се засилија и може слободно да се каже дека имаат најсилна екипа на светот, а зошто не се први тоа е друго прашање. Сепак сево ова не значи дека ние однапред ќе се предадеме. Ќе се обидеме да изненадиме, а ако навистина тоа го направиме, на сите наши играчи треба да им „симнеме капа“, изјави на денешната прес-конференција Червар.

Хрватскиот стручњак додаде дека само со тимска, колективна игра неговите избраници ќе можат да му се спротивстават на силниот противник.

– Мораме да играме борбено. Срцето да го оставиме на терен. Без тоа немаме ниту минимални шанси. Ќе мора одбраната да биде на ниво, а во нападот да се игра стрпливо и без многу загубени топки кои се предуслов за развивање на нивните противнапади, рече тренерот на Металург.

Капитенот Наумче Мојсовски ги повика навивачите да им дадат силна поддршка и вети во името на неговите соиграчи голема пожртвуваност и борба за секоја топка.

– Со нетрпение го чекаме тој натпревар. Наше е да дадеме максимум и покрај тоа што ќе бидеме хендикепирани со отсуството на суспендираниот Ренато Вугринец. ПСЖ е посилен од лани. Ако ја спречиме нивната транзиција ќе ни биде полесно, потенцира Мојсовски.

Од таборот на Металург посакуваат сезонава барем да се повтори успехот од минатите три години кога еднаш беше обезбедено место во ТОП 16, а двапати пласман меѓу осумте најдобри.

Натпреварот Металург – ПСЖ ќе се одигра в недела во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска