Македонската ракометна репрезентација вечер со дуелот на домашен терен против Украина ги почнуваа квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018 година. Селекторот Лино Червар претпазлив, иако Македонија е фаворит на овој дуел
– Треба да бидеме внимателни. Ова е нов состав во однос на последните 10 години. Надворешната линија ќе биде нова, ги нема веќе Миркуловски и Мојсовски, остана само Лазаров. Нема лесен натпревар затоа треба да бидеме сериозни, да имаме победа за мотив за дуелот со Чешка, кои еве читаме дека многу „се палат“. Во квалификациите најважни се победите и бодовите. за овој тим е најважно да избори пласман во Хрватска заради континуитетот. Очекувам помош и од публиката, а борбеноста е решението за победа.
Натпреварот Македонија – Украина се игра во „Вип Арена“ во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот и 30 минути.