Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар повика 24 ракометари за подготовките на репрезентација за настап на Светското првенство 2017, што ќе се одржат во Маврово. Од списокот од 28 играчи кои се пријавени за овој настан отпаднаа: Никола Митревски (голман), Никола Костески, Давор Палевски и Горан Крстевски.
Нашите ракометари во Маврово ќе работат во периодот од 20 до 30 декемви, а потоа подготовките ќе ги продолжат во Скопје каде ќе одиграат и пријателски натпревари против Босна и Херцеговина пред заминувањето за Франција.
Селекторот Червар, за подготовките во Маврово ги повика следните ракометари: Благојче Трајковски, Даниел Ѓорѓески, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Стефан Дрогришки, Велко Маркоски, Мартин Поповски, Бојан Маџовски, Марко Нелоски, Филип Миркуловски, Мартин Велковски, Ласко Андоновски, Ристо Арнаудовски, Мартин Манасков, Кирил Колев, Јовица Младеновски.
Поаѓањето за Маврово од Скопје е предвидено за вторник (20.12.2016) во 9:30 часот од пред Ракометната Федерација на Македонија.