Червар: Понатаму се зависи од нас

Од:

На четири кола до крајот на првата фаза во Лигата на шампионите, Металург има два бода. За пласман во следната фаза од Лигата на шампионите, треба да ги совлада дома екипите на Брест Мешков и на Загреб, а шанса за изненадување да бара на гостувањата кај Пари Сен Жермен и Кил. На чудо како што вели се надева и тренерот Лино Червар.

– Понатаму се зависи од нас, од никој друг. Секако, шанси секогаш постојат, ако направиме некои сензационални победи. Но, ниту најголемиот оптимист, во ситуација кога клубот во средина на сезоната го напуштаат седум ракометари, не би се осмелил да дава гаранција. Ако успееме, тоа би било еднакво на чудо. Но, тоа и ме држи во спортот, да верувам во тоа што го работам чесно, иако на почетокот може и да не ги даде очекуваните резултати, изјави хрватскиот стручњак за веб клупската веб страна.

Сепак Червар верува дека со сериозна работа ќе се успее и апелира, оптимистички да се гледаат работите.

Металург во саботата ја постигна првата победа сезонава во Лигата на шампионите по шест одиграни кола.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он