Червар: Не покажавме борбен дух

Од:

Тренерот на Металург, Лино Червар по загубениот натпревар со Горење од СЕХА лигата на прес-конференција рече дека очекувал повеќе од неговите избраници.

– Екипата на Горење ја заслужи победата, бидејќи беа подобри во сите аспекти на играта. Ние дојдовме малку хендикепирани по тешкиот натпревар во саботата, но тоа не ја намалува заслугата на ракометарите на Горење. Игравме лошо, јас очекував многу повеќе од моите играчи, особено во одбраната. За жал, тие не покажаа борбен дух, веројатно заморени од претходните натпревари. Но, тоа не може да биде оправдание за поразот и за нашата мека одбрана. Во нападот не игравме како што требаше, а за да ја спасат средбата тие почнаа безуспешно да шутираат од далеку. Секој пат се обидуваме да учиме од нашите грешки. Моите играчи се млади и ова е најдобриот начин да научат да бидат подобри ракометари, рече Червар.

За разлика од Лигата на шампионите каде Металург има половичен учинок (две победи од четири дуели), во регионалната СЕХА лига македонскиот вицепрвак се наоѓа во долниот дел на табелата со само една победа и еден нерешен резултат од седумте средби.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он