Македонскиот првак, Металург, во рамките на седмото коло, во Ц групата го победи француски Шамбери со 26:21.
„Секогаш говорев дека резултатирте не го покажуваат вистинскиот квалитет на Шамбери. Но најпрвин сакам да и честитам на мојата екипа која покажа висок морал. Требаше да се издржи ова судиско тормозење, кое не е прво оваа сезона и поради тоа велам дека победи правдата. Горд сум на екипата, која втора година по ред се пласира во Топ 16 и сакам да им се заблагодарам на играчите, кои беа трпеливи, промашивме многу, но повотрно ја демонстриравме силата на карактерот, која на крајот и победи. Благодарам на публиката и на медиумите за поддршката, Металург уште еднаш покажа дека е македонски ракометен бренд“, рече на прес конференцијата тренерот на Металург Лино Червар.
„Знаевме дека ова ќе биде тежок меч и дека ова е нашата последна шанса за да ги сочуваме шансите за пласман во Топ 16. Пред крајот на мечот немавме доволно концентрација, немавме добра реализација и нашите падови во играта во финишот екипата на Металург ги искористи и се одлепи на три голови разлика, тука го загубивме приклучокот. Ние одигравме многу добар натпревар, честитки до Металург кој покажа дека заслужено е втор во групата. Металург имаше и знаење и трпение го дочека нашите грешки и на крајот заслужено победи“, рече тренерот на Шамбери Марио Кавали.
Натпреварот со Шамбери беше последен во Лигата на шампиони, во оваа година за Металург, следниот меч во Ц групата македонскиот првак ќе го одигра на 9.март 2013, кога ќе гостува кај Горење.