Червар: Ја повикувам публиката да биде наш осми играч против Елверум

Од:

Тренерот на Металург Лино Червар упати апел до навивачите в сабота да дојдат во СЦ „Борис Трајковски“ и да му помогнат на клубот да извојува победа против Елверум во 2.коло од Лигата на шампионите.

– Не очекува тежок натпревар на кој многу ќе ни треба поддршка од навивачите. Сакам да ја искористам оваа прилика да ја повикам публиката да дојде во што поголем број. Играчите знаат дека со играта и борбата на теренот треба да им се оддолжат на оние што ќе дојдат да ги бодрат. Се гледа дека нашите млади играчи ја привлекува публиката, рече хрватскиот стратег на денешната прес-конференција и додаде дека сите што ќе бидат во салата ќе треба да се трпеливи.

Според Червар, Металург во играта ќе има и падови и, како што рече,  не може само да се победува.

– Јас им велам на моите играчи „или бори се или бегај“. Тоа е нашата сила, мора да се бориме, истакна Червар.

Натпреварот Металург – Елверум се игра в сабота со почеток во 17:30 часот.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска