Червар го соопшти списокот играчи за дуелите со Украина и со Чешка

Од:

Селекторот на машка ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави поширокиот список на ракометари за натпреварите против Украина и Чешка во рамки на квалификациите за ЕП Хрватска 2018.

На списокот се наоѓаат 28 играчи, а Червар дополнително ќе го скрати списокот.

Список на пријавени играчи во ЕХФ: Борко Ристовски, Мартин Томовски, Златко Даскаловски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Стојанче Стпилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Аце Јоноски, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Филип Кузмановски, Стефан Дрогришки, Велко Маркоски, Мартин Поповски, Иван Тасевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Ласко Андоновски, Давор Палевски, Ристо Арнаудовски, Филип Чурлевски и Кирил Колев.

Натпреварот против Украина ќе се одигра во ВИП Арена во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 2. ноември со почеток од 18:30 часот, додека на 5 ноември Македонија и гостува на Чешка. Во нашата квалификациска група се наоѓа и репрезентацијата на Исланд.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ