Червар: Дојде време да свртиме нов лист на дерби дуелите

Од:

Време е да свртиме нова страна на меѓусебните натпревари со Вардар. Независно од резултатот треба да владее фер-плеј и да им се овозможи на гледачите едно уживање на овие натпревари.

Апелирам да престанат инцидентите, како и навредите на трибините. Сметам дека сме дојдени до тој степен овие дерби дуели да бидат празник на ракометот во Македонија, изјави Лино Червар тренерот на ракометниот вицешампион Металург и додаде дека позитивно расположение гледа и во противничкиот табор.

Хрватскиот стручњак за настапите на неговиот клуб во СЕХА лигата рече дека се добра можност за промоција на ракометот на овие простори, но и шанса која треба да ја искористат помладите.

– Во регионалното натпреварување поголема минутажа ќе добиваат помладите играчи со што ќе можат да стекнат искуство на меѓународни и силни натпревари. Секако нема да го запоставиме ниту натпреварувачкиот карактер и без оглед со кој состав ќе настапуваме секогаш ќе одиме на победа, истакна Червар на денешната прес-конференција.

Червар упати комплименти за составот на „црвено-црните“.

– Го почитувам нашиот противник кој создаде „дрим-тим“ со играчи од повеќе репрезентации, кој од кој поквалитетни, а имаат и „долга“ клупа. Двете екипи се доволен мотив салата да биде исполнета.

Натпреварот Металург – Вардар од 1.коло во СЕХА лигата е дел од неделата на спортот за одбележување на празникот 8 Септември. Од Металург апелираа фер и коректно навивање и достоинствено однесување на сите присутни во салата „Борис Трајковски“.

Почетокот е закажан за утревечер со почеток во 20 часот и 15 минути.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он