Челзи преку Јунајтед до финалето на ФА Купот

Од:

Челзи ќе игра во финалето на ФА Купот, откако вечерва на „Вембли“ во второто полуфинале, го совлада Манчестер јунајтед со 3:1.

Стрелци на головите за сините од Лондон беа Оливие Жиру, Мејсон Маунт и Хари Мегваер (автогол). За Јунајтед погоди Бруно Фернандеш од пенал во финишот на мечот.

Противник на Челзи во мечот за трофејот ќе биде Арсенал, кој вчера, во првото полуфинале, го совлада Манчестер сити со 2:0.

Финалето на ФА Купот е закажано за 1 август во Лондон на „Вембли“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Челзи го враќа Тревор Чалоба од Кристал Палас