Екипата на Челзи е освојувач на најелитното европско клупско натпреварување за сезоната 2011/2012, откако во финалето против Баерн Минхен, токму на нивниот стадион славеше по поуспешното изведување на пенали со вкупни 5:4.
Натпреварот заврши 1:1 во регуларниот дел и по продолженијата од по 15 минути.
Баварците нападнаа уште од самиот почеток, а Англичаните како и против Барселона, се одлучија да го чуваат својот гол и да се закануваат со контри.
http://www.youtube.com/watch?&v=WSHVGv9ka-I
Фудбалерите на Баерн ја имаа иницијативата и имаа неколку обиди, но на првата сериозна шанса се чекаше до 21-та минута. Робен се проби по левата страна на шестнаесетникот и шутираше по земја, но Чех успеа да го одбрани овој удар и топката од неговата нога заврши во стативата.
Челзи го имаше првиот шут кон голот на Баерн дури во 37-та минута кога биеше Калу, но Ноер беше сигурен и го одбрани неговиот удар.
Мрежата од голот на Челзи за прв пат се затресе во 54-та минута, но овој гол беше поништен затоа што Рибери се наоѓаше во офсајд.
Сликата на теренот не се промени и во продолжението од вториот дел. Фудбалерите на Баерн Минхен ја имаа иницијативата, напаѓаа, изведуваа корнери и се закануваа кон голот на Чех, нивните шутеви завршуваа покрај голот или беа изблокирани од дефанзивците на Челзи.
Сепак одбраната на Челси не издржа до крајот. Во 83-та минута Крос нафрли од левата страна и го пронајде Милер на втората статива кој биеше со глава и топката од теренот се одби во мрежата на Чех.
Но Челзи не се предаде. Во 88-та минута Англичаните го изведоа првиот корнер на натпреварот, а Дидие Дрогба најдобро се снајде во воздушниот дуел пред голот на Баерн и го постави конечниот резултат по регуларните 90 минути.
Во четвртата минута од првото продолжение Дрогба направи наивен прекршок над Рибери во шестнаесетникот, а судијата Пруенса не се двоумеше кога досуди најстрога казна. Но Петр Чех беше поуспешен од Робен и успеа да му го одбрани неговиот удар од белата точка.
Во второто продолжение Олиќ и Гомез имаа две извнредни шанси да постигнат гол, меѓутоа не погодина, остана 1:1 и следуваше изведување на пенали.
Во пенал рулетот Дрогба го постигна последниот победоносен пенал, за првата титула на Челси во Лигата на шампионите.
Луиз, Лампард и Кол беа прецизни за Челзи, додека Мата промаши во првата серија, а за Баерн Лам, Гомез и Нојер погодија во првите три серии, а потоа Олиќ и Швајнштајгер промашија.