Ракометарите на Пелистер го дознаа името на противникот со кого ќе играат во осминафиналето на Челинџ купот.
Битолските ракометари немаа среќа на жрепката која се одржа во Виена, за противник добија еден од фаворитите во ова натпреварување.
Пелистер на 18. февруари ќе го пречека Спортинг во Битола, а седум дена подоцна ќе се одигра реваншот во Лисабон.