Чеферин реизбран за претседател на УЕФА

Од:

Александар Чеферин повторно е избран за претседател на УЕФА и во наредните четири години, соопштуваат од Европската куќа на фудалот. Словенецот доби нов четиригодишен мандат на конгресот на УЕФА во Лисабон.

За Чеферин овој мандат ќе биде последен, бидејќи според Статутот на УЕФА никој не смее да го води европскиот фудбал повеќе од три изборни периоди.

„Никогаш не смееме да заборавиме колку е убав фудбалот, како ни ги разбранува емоциите, како држи стотици милиони луѓе на работ од нивните столчиња, како тој дефинира кои сме ние“, изјави Чеферин.

Тој е на чело на УЕФА од септември 2016 година, откако беше сменет Мишел Платини.

Неговиот втор мандат го одбележа борбата против создавањето на Суперлигата и исклучувањето на Русија од меѓународните натпреварувања поради војната во Украина. Направи и реформи во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри