Чеферин и Ѓорѓиоски ќе ги доделат медалите и трофејот на Супер Куп 2017

Од:

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски заедно со претседателот на УЕФА Александар Чеферин ќе бидат доделувачи на пехарот и медалите за финалето на Супер Куп натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кое ќе се одигра на 8 август на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Првиот човек на македонскиот фудбал имаше средба со претставниците на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Емилио Бутрагењо и Луис Саха, кои беа присутни на првата прес-конференција по повод големиот натпревар кој ќе го организира ФФМ во Скопје.

Големите ѕвезди на светскиот фудбал повторно ја искажаа увереноста дека натпреварот ќе биде вистински спектакл, а Фудбалската федерација на Македонија и градот Скопје одлични домаќини на настанот.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово