Чапекоенсе го победи Атлетико во „Натпреварот на благодарноста“

Од:

Фудбалерите на Чапекоенсе го победија Атлетико Насионал со 2:1 во првиот натпревар од Суперкупот на Јужна Америка, кој помина во одбележувањето на авионската несреќа во на бразилскиот клуб на патот кон Меделин, Колумбија.

Мечот најавен како „Натпревар на благодарноста“ беше запрен во 71. минута, идентично со бројот на луѓето што загинаа во авионска несреќа, а потоа навивачите на целиот стадион аплаудираа 60 секунди.

Натпреварот се одржа во пријателска атмосфера, дури домашните симпатизери го поздравија изедначувачкиот гол на гостите во 59.минута.

Реваншот е закажан за 10 мај во Меделин.

За потсетување Атлетико Насионал по несреќа поднесе предлог трофејот во Судамерикана да се додели на Чапекоенсе, што подоцна и се случи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он