Чадли од Тотенхем прејде во Вест Бромвич Албион

Од:

Досегашниот фудбалер на Тотенхем, Насер Чадли направи трансфер во Вест Бромвич Албион.

Белгискиот интернационалец потпиша четиригодишен договор со ВБА.

Тој во Премиер лигата дојде од Твенте, а претходно настапуваше за локален клуб од пониските лиги.

За Тотенхем Чадли одигра 119 натпревари и постигна 25 гола. Сепак, на почетокот на новата сезона, менаџерот Мауро Покетино му соопшти дека не смета на него и дека тој ќе биде најдобро да си најде нов клуб.

Чадли кој е со мароканско потекло, има 32 настапи за селекцијата на Белгија и постигнато четири гола.

Би можело да ве интересира

Хери Кејн не е задоволен: Топ 4 пласман не е доволен!

Арсенал и Тотенхем во трка за светскиот шампион од Брајтон

Фулам им го „грабна“ Џејмс на Евертон и Тотенхем

Ниту одбранетиот пенал не го сопре – Хери Кејн „сам“ ги победи Нотингем

„Светците“ само ги налутија Тотенхем, „обновениот“ Њукасл стартуваше со победа над Форест

Тотенхем го доби Ленгле на позајмица од Барса