Целосна доминација на Србија против Ангола

Од:

Светското првенство во кошарка денеска почна во Кина, а првиот дуел на Мундобаскетот и припадна на репрезентацијата на Србија која со убедлив резултат 105-59 ја порази Ангола.

Србија покажа зошто многумина очекуваат многу од оваа селекција во Кина, додека Ангола, која секако не е повеќе доминантна како порано ниту во Африка, немаше одговор за избраниците на Ѓорѓевиќ.

Така, Србија го отвори Мундобаскетот на најдобар можен начин и оствари убедлива победа во првото коло од групата Д. Најефикасен кај Србија беше Богдан Богдановиќ со 24 поени, Јокиќ и Милутинов додадоа по 14 поени, а Марјановиќ забележаа дабл-дабл со 12 поени и 10 скока.

Најефикасен кај репрезентацијата на Ангола беше Карлос Мораис кој постигна 15 поени.

Би можело да ве интересира

Шпанија со проверени кошаркари гостува во Скопје

Ана Ололовска

Мундобаскет 2023 година ќе се одржи од 25 август до 10 септември

Ана Ололовска

Гасол: Ова може е моето последно Светско првенство

Ана Ололовска

ВИДЕО: Избрана идеалната петорка на Светското во Кина

Ана Ололовска

Рики Рубио е избран за МВП на Светското во кошарка

Ана Ололовска

Шпанија и одржа лекција на Аргентина за својата втора светска титула

Ана Ололовска